Одговорните лица во Skoda до средината на оваа година треба да донесат многу важна одлука околу развојот на платформата за компактни модели, кој се однесува за поевтини автомобили за пазарите во развој. Оваа архитектура после ова ќе има корист од марките на VW Group во државите каде што продажбите не се мали, но имаат потенцијал за растеж. Пример како Индија.
Информацијата ја соопшти главниот извршен директор на Skoda, Бернхард Мајер, кој објасни дека станува збор за верзија на платформата MQB A0. Првите модели кои ќе бидат произведени на оваа платформа ќе се појават на пазарот околу 2021 година. Во овој период Skoda и Volkswagen планираат да предложат сопствен достапен модел, позициониран како поевтина алтернатива на нивната продукција.
Индија е клучот кон решението на проблемот за VW Group, со оглед на тоа што гигантот не може да го најде вистинското возило со кое ќе успее да се пробие на локалниот пазар на кој доминираат достапните модели на Suzuki и Hyundai. Минатата година продажбите на лесните возила во Индија скокнала за 8,8 проценти, а во бројки тоа е до 3,61 милион автомобили.
Со овие бројки Индија се најде на 5. место на листата на големите пазари и е точно зад Германија. Во однос на 2017 година Skoda има запишано дека во Иднија биле продадени 17.113 возила, а тоа е за 31 процент повеќе од 2016 година.
Првичните планови на Skoda беа платформата за достапни модели да биде разработена со локалната компанија Tata Motors. Сепак, оваа соработка пропадна минатата година, откако Чесите објаснија дека основната причина била дека ќе излезе ногу скапо за да се развие и подобри платформата на Tata AMP. Тоа било потребно за да може моделите изградени на неа да одговараат на современите стандарди за нивото на вредните емисии и безбедност.
Варијантата со MQB A0, која се користи кај VW Polo и Skoda Fabia, најверојатно ќе биде далеку подобра од економска гледна точка.
Во Skoda сакаат да го следат примерот на Renault кој веќе успеа да докаже дека може да биде направен пробив на индискиот пазар откако го лансираше СУВ Kwid и тоа во 2015 година. Со негова помош гигантот од Франција успеа да скокне со продажбата и надминува над 100.000 возила годишно.