Компанијата Nissan почна уникатна иницијатива, која треба да биде спроведена заедно со компанијата 4R Energy, а целта е да се изгради мрежа на улично осветлување во градот Нами во Јапонија. За остварување на оваа цел треба да биде користени стари батерии и тоа од првиот достапен електромобил во светот – LEAF.
Проектот на Nissan и 4R Energy се нарекува Преродена светлина (The Reborn Light) и предвидува употреба на соларни батерии и стари литиум-јонски батерииски модули од LEAF, така што целиот осветлувачки систем ќе биде независен и целосно изделен од надворешните извори на енергија.
За достигнувањето на оптимална ефективност, Nissan и 4R Energy имаа разработено специјално осветлувачко тело, а тестирањата ќе почнат во градот во Јапонија. Градењето на новиот осветлувачки систем се чека да почне до крајот на оваа година.