Tata го покажа концептот E Vision во Женева (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Tata Motors го покажа Tata E Vision concept на Geneva Motor Show. Се работи за машина која ќе им конкурира на моделите од типот на Honda Civic, Skoda Octavia, Hyundai Elantra и Toyota Corolla.

Tata E Vision concept е најдоброто од новиот дизајнерски стил на IMPACT 2.0. За разлика од претходните концепти Tata H5X и Tata 45X со спортски изглед, Tata E Vision изгледа многу пофутуристично и доста поелегантно. Новиот концепт има голем луксуз и внатре, а се користат најсветли бои, висококвалитетни материјали и неколку напредни дисплеи.

Возилото Tata E Vision е развиено на модифицираната платформа OMEGA EV. Концептот користи неколку технологии за поврзаност, како аналитика, сопатничка навигација и напреден интерфејс-човек-машина. Присутни се и напредните технологии за асистирање на возачот.

Во исто време освен што е луксузен, Tata E Vision concept е исто така и доста мрсна машина. Од место до 100 км/ч забрзува за време под 7 секунди.

Од Tata Motors не ја откриваат полната спецификација, но велат дека максималната брзина е над 200 км/ч и ќе располага со проширени можности за полнење, со побавно (АС) и побрзо (DC). Засега нема информација кога возилото ќе може да се појави како сериски модел.

https://www.youtube.com/watch?v=OW90ZcN99bM

Следете не и на:

24AUTO NETWORK