Русак за полесно движење на Арктикот и Антартикот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото под назив Русак-3993 е прототип на новата генерација на транспортни машини-амфибии и е создаден специјално за работа на Арктикот и Антарктикот. Вакви машини се многу барани и корисни за овој простор каде нема можност да се изгради автопат. Како пример во Чукотка каде во просек има 0,7 жители на еден квадратен километар.

Таму нема патишта, а е премногу скапо и речиси невозможно да се изградат. Затоа поевтина варијанта се создавање на возила кои може да возат по тешко достапните патишта и во поларни услови. Протипот веќе ги мина тестовите во тешките услови во Јакутија и Чукотка.

На создавањето на оваа машина работеле од техничкиот униерзитет во Нижи Новгород заедно со контрукторите на заводот за механичка трансмисија во Набрежни Челни. Русак-3993 не е само од медал, но и покрај тоа успеа одлично да ги издржи сите тестирања во најсеверните делови.

Досега ова е единствен примерок и тоа е машина со четири погонски оски. Сепак, има проект и за машини со две оски и со гасеници. Во моментов се работи засилено на сериоското произвдоство на овие нови возила, а стартот на сериоското производство и неговата дистрибуција на Арктикот се очекува во 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK