Покрај новата генерација на Clio која ја имаше саемската премиера токму на актуелниот саем во Женева, вистинска сезација на штандот на францускиот производител е и најмалиот модел во понудата, Twingo.
Изведба наречена Le Coq Sportif наречена така по Le Coq Sportif, француски производител на спортска опрема, едноставно освојува на прв поглед благодарение на екстериерот.
Екстериерно оваа изведба која доаѓа како плод на соработката на Renault и францускиот производител на спортска опрема, поседува бела боја на каросеријата со црвен покрив и црвена боја на ретровизорите.
Во зависност од пакетот достапни се и неколку комбинации на бои меѓу кои и сини и црвени странични линии. За оние кои не ја сакаат белата боја, Le Coq заедно со Renault лансираше и Twingo со т.н. Lunar Grey и Star Black боја.
Инаку Twingo е најпродаваниот мал градски автомобил на францускиот производител. Во понудата се појавува во 1992 година и од тогаш па се до денес лансирани се три генерации. Како и претходната трета генерација така и фејслифтот ќе продолжи да се произведува во фабриката на Renault во Ново Место, Словенија.