Причината е прекршување на прописите кои речиси ниту еден возач во регионов па и кај нас не го почитува...
Свесното правење сообраќајни прекршоци во Швајцарија не е паметен потег, бидејќи сè може да резултира со голема парична казна. Земјата е позната по строгото спроведување на законот, без милост за возачите, што често резултира со високи казни.
Таков е и овој случај со тамошен милионер што сообраќајната лекција ја научил на потешкиот начин кога морал да плати повеќе од 100.000 евра за навидум едноставен сообраќаен прекршок со тоа што не оставил доволно простор меѓу возилата на автопатот.
Овој возач на BМW премногу се доближил до возилото пред него, принудувајќи го да премине на десната лента, а полицијата го фатила на дело.
Агресивниот возач бил изведен на суд, кој веднаш го казнил со 50 дневници од неговиот личен доход, кој во неговиот случај изнесувал 1.970 швајцарски франци дневно.
Со ова вкупната сума изнесува 98.500 швајцарски франци, што е приближно 104.400 евра Казната е пресметана врз основа на неговиот годишен оданочен приход од 1,6 милиони франци.
Во Швајцарија, како и во некои други ретки земји, сообраќајните казни не се исти за сите. Наместо тоа, тие се засноваат на приходите на возачите, а системот е дизајниран да гарантира дека дури и богатите ќе го почувствуваат нивното влијание.
Освен големата парична казна, швајцарскиот суд му нареди и да плати 13.000 франци (околу 13.800 евра) судски такси. Возачот поднесе жалба на казната по првостепената пресуда минатата година, но судот делумно ја одби неговата жалба откако ги погледна фотографиите обезбедени од полицијата. Неговото прекршување е јасно видливо на тие фотографии.
Меѓутоа, возачот успеал да го убеди судот да му ја смени казната во условна, така што ќе треба да плати само 98.500 франци доколку направи уште еден тежок прекршок во следните две години. Но, како и да е мора веднаш да ги плати големите судски трошоци, од тоа не можел да „куртули “.

Следете не и на:

