понеделник, 26 февруари, 2026 година

Шефот на Volkswagen со оптимистичка најава: Ќе ја победиме Tеslа!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Извршниот директор на Vоlkswаgеn Grоup, Херберт Дис испрати соопштение до првиот човек на Tesla, Eлон Маск во кое стои: „Доаѓаме за Tesla“. На светскиот економски форум одржан во Давос шефот на германскиот автоконценр објасни дека додека американскиот производител си пробива пат на пазарот за електромобили од Волфсбург купуваат софтверски компании и ги зголемуваат инвестициите во превозни средства и акумулаторски клетки.

„Тоа е отворен натпревар. Ние сме доста оптимистички расположени. Сè уште можеме да го држиме темпото на Tеslа и исто така во некаква етапа веројатно и да бидеме пред оваа компанија“, вели Дис.

- Advertisement -

Минатата недела пазарната капитализација на Tеslа ја надмина таа на Vоlkswаgеn и тоа беше првпат и покрај фактот дека германскиот автоконцерн продава многукратно поголем број на автомобили. Во исто време американскиот производител сè уште нема отчитано заработувачка на годишно ниво. И покрај тоа, компанијата предводена од Eлон Маск има конкуренциска предност во софтверот и технологиите за електромобили, кои се во основа на преминувањето кон почиста мобилност.

И покрај сето ова Дис и Маск имаат донекаде изградено пријателски односи. Во октомври извршниот директор на на Volkswagen ја поздрави Tesla како сериозен конкурент, кој ја турка автоиндустријата кон стабилност. Тоа се случи само неколку недели откако милијардерот на чело на Tesla напиша на Твитер дека Дис прави повеќе од секој друг извршен директор на голем автоконцерн.

„Оваа година ќе биде многу тешка за производителитe на автомобили, но ние ги правиме вистинските работи за да бидеме конкурентни“, вели Дис.

Гемманскиот автоконценр веќе го стартуваше производството во Германија на првиот масовен електромобил ID3. Компактниот хечбек ќе биде конкурент на Mоdеl 3 нa Tеslа, кој го помогна зголемувањето на продажбите на американската компанија во Европа.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја