Renault направи Batmobile за соборување рекорди

ОБЈАВЕНО НА:

На ред е Renault да не воодушеви со чудни концепти. По елегантниот супер автомобил на Alpine, придвижуван од водороден V6 мотор, неговата матична компанија, Renault, смисли нешто уште “побезобразно”. Тоа е Filante Record 2025, ревијален автомобил со високи перформанси развиен исклучиво за да ја покаже ефикасноста. Ова радикално електрично возило со едно седиште, опремено со батерија со капацитет од 87 kWh, има за цел да собори рекорди за потрошувачка на енергија и за опсег со едно полнење на пакетот на батерии.

Иако изгледа како да е дојден од иднината, електричниот „Бетмобил“ им оддава почит на трите стари Renault моделисоздадени да соборуваат рекорди за брзина на копно.

На пример, тркалезните фарови потсетуваат на 40 CV des Records од средината на 1920-тите, додека тркалата истуркани нанадвор од телото се знак што посочува на Nervasport des Records од 1934 година. Покрај тоа, лаците се инспирирани од Etoile од 1956 година Filante, кој се напојуваше со гасна турбина.

Како што можете да видите, ова е огромен автомобил. Но, и покрај тоа што е долг 5,12 метри, тежи само 1.000 килограми. Само батерискиот пакет тежи 600 кг, што е многу, но така стојат работите со ЕV. На пример, огромното пакување од 205 kWh во GMC Hummer EV тежи колосални 1.278 kg, што е приближно колку еден компактен европски автомобил.

И покрај неговата импозантна должина, Filante Record 2025 е широк само 1,71 метри и висок 1,19 метри. Секоја површина на нејзината аеродинамична каросерија е дизајнирана да ја максимизира аеродинамичната ефикасност и да го зголеми опсегот. Renault нема да го тестира автомобилот до крајот на првата половина од оваа 2025 година, но очекува значителна добивка во однос на компактниот електричен crossover модел Scenic E-Tech, опремен со батерија со идентична големина од 87 kWh.

Но, како може концептниот автомобил да тежи само 400 килограми ако ја исклучите батеријата? Renault ја направи шасијата од уникатна комбинација на алуминиум, јаглерод и челични легури. Покрај тоа, инженерите користеле алуминиумска легура со висока цврстина наменета за 3D печатење. Во комбинација со вештачката интелигенција, софтверот за симулација му овозможи на Renault да ги идентификува областите каде што вишокот материјали може да се елиминираат.

Co дополнително намалување на тежината, ќелиите се интегрирани во батерискиот пакет без посредни модули. Концептот не ја користи истата батерија како Scenic E-Tech, бидејќи специјално дизајниран пакет (со карбонска обвивка) беше потребен за да се вклопи во тенкото тело. Според Renault, гумите имаат 20% влијание врз опсегот на електричното возило. Затоа Filante Record е опремен со 19-инчни гуми Michelin, специјално дизајнирани да ја намалат дисипацијата на енергија и подобро да ја израмнат контактната лепенка.

Mercedes успеа да исцеди 13,5 километри на kWh од својот концепт Vision EQXX, но еко-машината на Renault е многу порадикална и треба лесно да го победи многу потешкиот Mercedes.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK