Peugeot на слатки маки – не може да постигне со производството на 2008

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Се чини дека Peugeot со новата генерација на моделот 2008 направи одлична работа. Доказ за тоа е што не може да одговори на големата побарувачка за овој модел.

Втората генерација се произведува во фабриката во Виго, Шпанија, која е со годишен капацитет од 420.000 возила, капацитет кој во моментов не е доволен споредбено со побарувачката за моделот 2008.

- Advertisement -

Оттука Peugeot веќе регрутираше дополнителни 600 работници кои ќе го зголемат неделното производство на овој модел за 2.400 возила.

Во јули овој модел забележа продажба од 19.773 примероци што е повеќе од моделот 208 кој долго беше на тронот во поглед на продажбата на европско тло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја