Готов за сѐ – и на патот и надвор од него! Opel го претстави Frontera GRAVEL – спектакуларен шоу модел кој го најавува идниот, поавантуристички правец на овој семеен SUV. Посилен, поробустен и дизајниран за живот надвор од асфалтот, GRAVEL ќе ја има својата јавна премиера на манифестацијата XS CARNIGHT Wörthersee во Австрија, на 30 мај.
Frontera GRAVEL е изграден врз електричната верзија на новата Frontera и овозможува локално возење без емисии – совршено за љубителите на природата и теренското возење. Нискиот центар на гравитација и силниот вртежен момент го прават овој модел идеален за „soft-roading“. За груби патишта, GRAVEL користи специјални 7×16-инчни CWE тркала од BORBET, а на дизајнот работеле Opel во соработка со мотоспорт тјунерот BlackFish и настанот XS Carnight.
Авантуристички изглед што привлекува погледи:
* Мат црн покрив и хауба
* Посебна облога во боја Desert Stone
* Портокалови детали на ретровизори, браници, спојлери и Opel логото
* Преден витло, странични кутии за опрема, мрежест кровен багажник и дополнителни светла од Thule за теренско ноќно возење
Внатрешноста ја следи истата смела естетика:
Седиштата се обложени со микрофибер и портокалови акценти, додека таванот е целосно црн – модерен и функционален амбиент за оние што сакаат стил со издржливост.
„Со GRAVEL покажуваме колку далеку може да оди Frontera. Овој шоу модел е повик за сите кои бараат слобода, возбудливи авантури и автомобили што ги поместуваат границите“, изјави Ребека Рајнерман, вицепретседател за маркетинг во Opel и Vauxhall.
Opel Frontera GRAVEL ќе биде изложен на саемот во Клагенфурт, Австрија, во рамки на XS Carnight – настан што трае од 28 мај до 1 јуни. Јавната премиера е закажана за петок, 30 мај, во „Opel Hall“ на Клагенфуртскиот саем.