Откриен изгледот на Volkswagen ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

На првиот ден од саемот за автомобили во Франкфурт, Volkswagen го откри изгледот на новиот, долгонајавуван модел ID.3.

Од претходно е познато дека овој модел се темели на MEB платформа развиена од Volkswagen, а наменета за електричните автомобили и од останатите брендови, SEAT, Audi, Skoda.

Овој модел практично е вовед на Volkswagen во новата ера која ќе биде одбележана со електрификацијата на автомобилите. Дека ID.3 е вистински знаменосец на таа иднина говори и фактот што досега германскиот производител има добиено над 20 илјади нарачки за истиот.

Volkswagen ID.3

Кристијан Зенгер, првиот човек на VW за е-мобилност претходно изјави дека овој модел ќе биде понуден со три верзии на батериите. Двете од нив ќе може да поминат до 330 км со едно полнење, додека третата максимални 450 км.

Volkswagen ID.3

За 30 минути, според пласирантие информации, користејќи брз полнач, батериите на овој автомобил ќе може да се наполнат доволно за да поминете 290 км. При тоа, VW нуди осум годишна гаранција за батеријата или 160 илјади километри по принципот “што попрво”.

Продажата цена на овој модел со основното ниво на опременост и најмал капацитет на батеријата изнесува нешто над 30.000 евра, додека оној, со максимален капацитет кој овозможува домет од 420 километри изнесува 40 илјади евра.