Нов предизвик на Audi е неговите возила да се појават на терени каде досега ниту еден автомобилски производител на отишол. А такво место на земјата сега нема, па Audi решева својот Audi Quattro Rover да го испрати на Месечината.
И тоа не во далечна иднина, туку на крајот на 2017 година. Во соработка со тим научници од Германија, Audi направи лунарно возило. Изработката почнала во 2015 година, и с евклучија во натпреварувањето Google Lunar X Prize, а целта е успешно слетување на Месечината.
Наградата е 30 милиони долари, и ќе ја добие компанијата која на Месечината што успешно ќе го спушти своето лунарно возило, ќе мора да направи најмалку 500 метри движење и фотографиите да ги испрати на земјата.
Audi Quattro Rover тежи 30 кг. и има батерии кои се направени со помош на E-tron технологијата на Audi. Останува уште тестирањето на локации кои се топографски слични на месечината.
https://www.youtube.com/watch?v=4hNa8uiNdR8

Следете не и на:

