Volvo ја презема европската дистрибуција на Lynk & Co – како ќе биде во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Volvo Cars од јануари 2027 година ќе стане ексклузивен дистрибутер на Lynk & Co во Европа. Договорот треба да ѝ овозможи на марката поширок пристап до купувачите преку веќе развиена продажна и сервисна инфраструктура.

Според официјалното соопштение од 10 септември, промената следува по финализирањето на комерцијалното партнерство меѓу Volvo Cars и Geely Auto.

- Advertisement -

Lynk & Co веќе е присутен на 25 европски пазари и располага со повеќе од 140 продажни места управувани од партнери. На дел од локациите веќе соработува со дилери на Volvo, па новиот договор ја проширува постојната врска.

Не станува збор за преименување на автомобилите или за исчезнување на Lynk & Co. Марката ќе ги задржи сопствениот идентитет, производите и позиционирањето. Geely Auto останува одговорен за глобалниот развој, сертификацијата и работењето надвор од Европа.

Европската понуда ги вклучува приклучните хибриди 01 и 08 и целосно електричниот 02.

За купувачите, значењето на ваков договор оди подалеку од бројот на салони. При избор на понова марка, важни се и сервисот, одржувањето и достапноста на поддршка по купувањето. Токму подобриот пристап до производите и услугите е меѓу наведените цели на партнерството.

Нема информации како ова ќе се одрази во Македонија каде Lynk & Co е веќе присутен, но не преку дилерот на Volvo, туку преку Делфино Мобилити.

________________________________________________________________

▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја