недела, 26 март, 2026 година

Нов тест покажа колку брзината му штети на дометот на електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Дали електричен автомобил навистина се исплати за возење на автопат? Нов тест со Tesla Model Y покажа дека одговорот не е едноставен, затоа што поголемата брзина навистина штеди време, но истовремено значително ја зголемува потрошувачката и го намалува дометот. Токму затоа многу електрични автомобили на автопат често се движат побавно, најчесто во десната лента – не затоа што не можат побрзо, туку затоа што така возачите добиваат повеќе километри со едно полнење.

Темата ја отвори тест направен со Tesla Model Y со погон на задни тркала, на иста рута долга околу 50 километри, при четири различни брзини – 81, 96, 113 и 129 километри на час. Резултатите јасно покажале дека најштедлива е возењето со 81 km/h, кога потрошувачката изнесувала околу 14 kWh на 100 километри. Во теорија, тоа би значело домет од приближно 536 километри.

- Advertisement -

Но, штом брзината се зголемила, бројките почнале брзо да се менуваат. На 96 km/h потрошувачката се зголемила на околу 15,5 kWh на 100 километри, а проценетиот домет паднал на околу 483 километри. На 113 km/h потрошувачката се искачила на околу 18,8 kWh на 100 километри, што го спушта дометот на околу 400 километри.

Најголемиот удар доаѓа при 129 km/h, кога потрошувачката достигнала околу 22,8 kWh на 100 километри, а дометот се намалил на околу 328 километри. Тоа значи дека споредено со најбавната тестирана брзина, при 129 km/h дометот паднал за околу 38 проценти.

Токму тука е и најинтересниот дел што не треба да се гледа само како гола математика. Да, побрзото возење носи заштеда во време, но не толку драматична колку што многумина очекуваат. Според пресметките од тестот, патување од околу 320 километри при 81 km/h би траело околу четири часа, додека при 96 km/h би се скратило за околу 40 минути. Ако се вози со 113 km/h, заштедата е уште околу половина час. Но при 129 km/h, иако се стигнува најбрзо, батеријата се троши многу побрзо и шансите за дополнително застанување на полнач стануваат значително поголеми.

Затоа, според повеќе анализи вистинскиот “сладок баланс” не е ниту во најбавната, ниту во најбрзата варијанта, туку некаде меѓу 96 и 113 km/h. Во тој опсег електричниот автомобил и натаму нуди солиден домет, а патувањето останува доволно брзо за автопатски услови. Со други зборови, ако се вози умерено, електричен автомобил и тоа како може да биде исплатлив и практичен и за подолги релации.

Она што дополнително е важно е што ваквите резултати не важат само за еден модел. И други анализи за електрични автомобили покажуваат дека на автопат тие вообичаено се помалку ефикасни отколку во град, што е спротивно од класичните бензински и дизел возила. Причината е едноставна – при повисоки брзини отпорот на воздухот драматично расте, па батеријата се троши многу побрзо. Затоа стилот на возење кај електричните автомобили често има уште поголемо влијание врз дометот отколку што возачите првично мислат.

Eлектричен автомобил се исплати и на автопат, но само ако возачот е подготвен на мал компромис со брзината. Ако целта е да се извлече максимум од батеријата и да се намали потребата од дополнително полнење, тогаш умереното темпо е најпаметната стратегија. Ако, пак, се вози постојано брзо, предноста во време може лесно да се изгуби на полнач.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја