вторник, 26 март, 2026 година

Ново гориво на пумпите – пониска цена, аме не е за секого

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Европа се подготвува за воведување на E20 бензин, гориво со 20 проценти биоетанол што треба да биде поевтино и поеколошко од досегашните мешавини. Но, покрај пониската цена, се отвора и клучното прашање – дали сите бензински автомобили ќе можат безбедно да го користат.

По E5 и E10, на европскиот пазар се подготвува и следниот чекор – E20 бензин со 20 проценти биоетанол. Првите информации упатуваат дека воведувањето би можело да почне од 2027 година, најпрво во Германија, каде веќе има и пилот-проекти со ограничени флоти.

- Advertisement -

Главниот аргумент во корист на новото гориво е цената. Бидејќи етанолот делумно е ослободен од CO2 давачки, проценките се дека E20 би можел да биде и до пет центи по литар поевтин од E10. Покрај тоа, горивото има и повисок октански број, што теоретски може да придонесе за помирна работа на моторот.

Но, E20 не носи само предности. Етанолот има пониска енергетска вредност од класичниот бензин, па се очекува потрошувачката кај дел од возилата да порасне за околу три проценти. Уште поважно е прашањето за компатибилност, бидејќи не секој бензински мотор е подготвен за толкав удел на етанол.

Првичните проценки велат дека голем дел од поновите бензински автомобили ќе можат да користат E20, но не сите. Дел од производителите веќе укажуваат дека постојат исклучоци, особено кај одредени посилни турбо мотори, а кај постарите возила постои и ризик поголемиот удел на етанол долгорочно да влијае врз цевки, гумици и други елементи од системот за гориво.

Затоа клучниот совет за возачите ќе биде едноставен – пред точење да се провери упатството на возилото или ознаката на капакот од резервоарот. E20 може да стане важно преодно решение во периодот додека електричните автомобили постепено освојуваат поголем дел од пазарот, но неговото пошироко прифаќање ќе зависи од техничката подготвеност на возниот парк и од довербата кај возачите.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја