недела, 25 ноември, 2025 година

РЕКОРД: Со Skoda Superb минал 2.831 км. со еден резервоар – потрошувачка од 2,61 литар дизел

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Рели шампионот и амбасадор на Skoda, Мико Марчук постави нов светски рекорд во штедење гориво – помина 2.831 километар со само еден резервоар дизел. Со тоа докажа дека вистинското мајсторство зад воланот не е само во брзината, туку и во умешноста да се вози ефикасно и одговорно.

Повеќекратниот полски и актуелен европски рели шампион Мико Марчук е навикнат да освојува титули, но неговиот последен успех е нешто поинаков – мирен, прецизен и со доза на техничка генијалност. Во својот Skoda Superb 2.0 TDI, Марчук помина неверојатни 2.831 километар со само еден резервоар дизел, поставувајќи светски рекорд во најдолга дистанца без дополнување гориво.

- Advertisement -

„Нашиот спорт е скап и секогаш барам начини да понудам вредност и надвор од патеката,“ објаснува шампионот. „Така почнав да експериментирам со економично возење – како предизвик со пријателите. Од таму роди идејата за рекорд.“

За рекордниот подвиг, Марчук избрал Skoda Superb 2.0 TDI (110 kW) со седумстепен DSG менувач и преден погон. Возилото било во стандардна конфигурација, со само една измена – Sportline суспензија која го спуштила автомобилот за 15 милиметри и ја подобрила аеродинамиката.

Автомобилот бил опремен со гуми со низок отпор на тркалање, а неговата тежина од 1.590 килограми помогнала да се минимизира потрошувачката. Марчук пред обидот поминал 20.000 километри во тестови, за совршено да ја усогласи својата техника со карактерот на автомобилот.

Возењето се одвивало во Eco режим, со просечна брзина од 80 km/h, минимално кочење и максимално користење на инерцијата. Резултатот? Само 2,61 литар на 100 километри, далеку под официјалните 4,8 l/100 km.
Рутата го водела Марчук од Полска до Дизниленд во Париз и назад, при што дел од патот минал во услови со ниски температури и силен ветер.

Пет совети од шампионот за економично возење

  1. Проверувајте го притисокот во гумите – пресудно за ниска потрошувачка.

  2. Возете одморени – концентрацијата и реакциите се клучни.

  3. Предвидувајте го сообраќајот – избегнувајте непотребно кочење.

  4. Забрзувајте нежно и користете Eco режим.

  5. Искористете го ветерот во своја корист – дури и мала поволна струја помага.

Целта сега – 3.000 километри

Иако рекордот е импресивен, Марчук верува дека границата може да се помести уште повисоко.
„Со подобро гориво и поволни услови, сигурен сум дека може да се надминат 3.000 километри со еден резервоар,“ вели тој.

Тој веќе има искуство и со ефикасно електрично возење – со Skoda Enyaq поминал 730 километри без полнење, а со Octavia RS iV plug-in hybrid стигнал 108 километри со само еден литар бензин.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја