Во Бугарија ќе се воведе еднодневна винетка за лесни возила, а тол-таксите ќе се пресметуваат и според степенот на загадување на возилото. Промените се дел од новиот Закон за патишта, кој беше усвоен во бугарското Собрание. Целта е да се воведе пофер и еколошки систем за наплата на патни давачки.
Новата еднодневна винетка ќе важи за возила до 3,5 тони што користат државната патна мрежа. Ќе стапи на сила шест месеци по објавувањето на законот.
Во моментов има пет типа на вињетки кои се продаваат: годипна, тримесечна, месечна, седмична и викенд. Оваа викенд вињека важи од петок од 12 часот на пладне до недела до 23,59 часот. Таа е најевтина (10 лева), па сега со воведување на еднодневна голема полза ќе имаат оние што само кратко ги користат патиштата во Бугарија, и сугурно ќе биде доста поевтина од седмичната.
Кај товарните возила над 3,5 тони, тол-таксите ќе се пресметуваат според еколошката категорија (ЕВРО) и нивото на CO₂ емисии. Повеќе загадувачите ќе плаќаат повисоки такси – мерка што се усогласува со европските еколошки стандарди.
Со измени во Законот за сообраќај, општинските камери ќе се користат за следење на брзина, а глобите ќе ги издаваат и општинските власти. Половина од парите од казните ќе одат во буџетот на општината, но ќе може да се користат само за активности поврзани со безбедност во сообраќајот.

Полицијата ќе може да врши контрола и со необележани полициски возила, ако возач прави сериозно прекршување. За запирање ќе се користи сина ротација, сирена и гласовни команди на бугарски и англиски јазик.
Ако возач ја надмине дозволената брзина за над 40 км/ч во населено место, ќе му биде одземена дозволата за 2 месеца и ќе плати глоба. Над 50 км/ч преку дозволеното надвор од населено место – истата казна.
Повторени прекршоци ќе се казнуваат со тројна глоба и забрана за управување во времетраење од 6 месеци.









