Стандарден Bugatti – такво нешто не постои, за остварување на нивните персонални желби сопствениците не прашуваат за цена, па за дополнителна опрема плаќаат и над половина милион евра
Дали некогаш сте се запрашале колку може да чинат хипер автомобилите на Bugatti, доколку се целосно опремени со сите додатоци и екставагандни дребулии што може да се вградат во него?
Француската компанија ја откри сумата што клиентот ја троши, во просек и покрај и онака превисоката основна цена на хипер автомобилот, за да нарача автомобил по мерка и одговорот е навистина неверојатен: над 500.000 евра, дури и многу повеќе.
Нарачки од милион долари за нешто навистина уникатно
Информацијата беше објавена во интервју за списанието Top Gear од Мате Римац, првиот човек во Bugatti.
Извршниот директор на компанијата, рече дека клиентелата на брендот од Молсхајм се состои од луѓе кои плаќаат во просек 500.000 евра па дури и многу повеќе за да го приспособат својот автомобил според нивните желби и нивниот вкус.
Само за споредба, како референца, тоа е значително повисока цена од бараната цена за стандарден со 12 цилиндри модел на Ferrari, што, инаку, изнесува нешто помалку од 400.000 евра.
„Ги имаме овие специјални програми што ги правиме заеднички со нашите клиенти.
Најпосебниот е рекорд
За време на истото интервју, менаџерот на Bugatti исто така објасни дека „Автомобилот со светски рекорди Mistral отишол чекор подалеку“.
Римац, всушност, додаде дека хипер автомобилот без покрив е вистински уникатен за производство, што сугерира дека мистериозниот купувач потрошил уште поголема сума за да го направи реалност својот сон и да го стави покрај другите ремек-дела што веќе ги има во својата гаража, како што се: Veyron 16.4 Super Sport World Record Edition, Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse World Record Edition и Chiron Super Sport 300+.