Новиот голем електричен седан, Nissan N7, не тера да се запрашаме дали би имал шанси за успех на Стариот континент иако, пред се, е наменет за кинескиот пазар…
Nissan во Европа ги има Leaf, SUV Ariya и подновените: Juke и SUV моделот Qasqai. Овие два модели се борат да најдат успех на европскиот пазар. Седанот N7 што можете да го видите на сликите кои го придружуваат овој напис е уште еден нов електричен модел од Nissan, дизајниран за кинескиот пазар на автомобили.
Kако и речиси сите модели развиени за Кина од јапонски или европски брендови, тој ќе се произведува локално преку заедничко вложување, во овој случај со производителот Dongfeng.
Автомобилот исто така изгледа прилично пријатен за гледање. Со должина од 4,93 метри, тој покажува многу конзервативни пропорции. Kако и да е се чини поуспешно дизајниран, барен на овие први слики, одошто Volkswagen ID.7 на пример. Но во моментов, Nissan не ја прикажува внатрешноста на автомобилот ниту комуницира за неговите технички карактеристики.
Шансите да го видиме овој N7 како пристигнува на европскиот пазар изгледаат мали, знаејќи дека автомобилот – барем на почетокот – ќе се произведува исклучиво во Кина за Кина.
Но, сега кога Volkswagen ID.7 стана конкурентен производ на Стариот континент, благодарение на големите попуст што ги зафатија европските пазар, можеби ќе има иднина за овој вид електрични седан на Стариот континент.