TCR EUROPE: Давидовски заврши во Топ-5 во Белгија

ОБЈАВЕНО НА:

На третата трка сезонава во TCR Europe што се возеше во Белгија, нашиот возач Виктор Давидовски го освраи најдобриот пласман сезонава, стигнувајќи во Топ-5 Тој на целта стигна како петтопласиран во конкуренција на 12 возачи.
Неговиот клупски колега Франко Џиролами беше пред Давидовски, на четвртата позиција.

Давидовски имаше одличен старт на трката и од самиот почеток освои две места, па како петтопласиран продолжи. Таа позиција ја задржа до целта. Никола Балдан кој вози Audi кој стартуваше од пол позицијата беше доминантен на целата трка и заврши на првото место на подиумот.

Орелиан Комте со CUPRA стигна втор, а Рибен Волт на Honda беше третопласиран. Со новите 24 бода, сега во генерален пласман Давидовски има вкупно 53, само шест помалку од Рубен Волт и Виктор Андерсон кои се пред него.

Лидер е Орелион Комте кој како второпласиран освои 35 бода, и сега е нов лидер во првенството на TCR Europe со 122 бода. Потоа следува Џиролами со 116, и Никола Балдан кој има 105 бода. Тие тројцата засега се единствените што имаат над 100 бода.

Втората трка се вози утре вбо 12,30 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK