КРАЈ: Volvo веќе нема да има дизел возила

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo ја исполни минатогодишната обврска да го запре производството на автомобили со дизел мотори до почетокот на 2024 година. Моделот XC90, неодамна склопен во фабриката во Торсланд, го означува крајот на оваа ера за шведскиот производител на автомобили, која започна пред 45 години.

Овој последен теренец со дизел мотори, обоен во сина боја, нема да се продава на клиентот, туку ќе се чува во музеј со историско значење.
Иако Volvo, во сопственост на Geely, почна да го следи производството на дизел автомобили во 1991 година и Оттогаш има произведено девет милиони автомобили. Бројкат е сигурно поголема бидејќи нема податоци за периодт од 1979 до 1991 година.

Откако дизел моторите се веќе целосно исклучени од гамата, следната цел на Volvo е целосно да го запре производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување, бидејќи се придржува до својот амбициозен план за целосна транзиција кон електрични возила до крајот на деценијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK