понеделник, 25 декември, 2025 година

Избегнете ги овие пет грешки за брзо да го оладите вашиот автомобил во лето

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Пеколен летен ден со надворешна температура од 35 степени или повеќе можат да ја загреат внатрешноста на автомобилот на повеќе од 60 степени со што се зголемува ризикот од дехидрирање, а добро е познато дека дехидриран возач е речиси исто така опасен како и пијаниот возач.

Само десет степени разлика се доволни за реакциите да се забават, а можноста за проценка да се намали. Истражувањата покажале дека во внатрешноста на автомобилот загреана на 35 степени возачот е еднакво невнимателен во споредба со оние на 25 степени со 0,05 промили алкохол во крвта.

- Advertisement -

Стручњаците од Seat ги објавија петте најчести грешки кои секој би требало да ги избегнуа ако сака што побрзо да се разлади автомобилот. Со оглед на тоа што седиштето на Seat е во Барселона, не се сомневаме дека имаат големо искуство со високите летни температури.

1.Не го менувајте кругот за циркулација на воздухот

Само ставете ја климата на автоматски начин на работа и ќе има максимална ефикасност.

2.Не ги вртете вентилациските отвори кон телото туку завртете ги кон кровот на автомобилот

Добро е познато дека топлиот воздух има помала густина па се крева во делот на главата, а ако вентилациските отвори ги насочите кон кровот ладниот воздух побрзо ќе ја симне температурата бидејќи со целиот волумен ќе помине во внатрешноста на автомобилот.

3. Не отворајте прозорци кога ќе влезете во автомобилот

Работата на климата ќе и биде многу олесната доколку прво ги спуштите сите прозорци и на загреаниот воздух на 50 или 60 степени му овозможите да излезе надвор. Во исто време преку клима уредот вклучете максимално ладење.

4. Не го одржувате клима уредот

Како што се менува масло и филтери, така и клима уредот има потреба за одржување како би бил во добра кондиција.

5. Наутро го гасите клима уредот

Со оглед на тоа што утрата се значително посвежи клима уредот не е потребен за смалување на температурата во внатрешноста на авомобилот, па затоа е подобро да се остави уклучен бидејќи спречува замаглување на стаклата, па обезбедува подобра видливост и одржува постојана температура во внатрешноста.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја