четврток, 25 декември, 2025 година

Фановите се запознаа со Seat Tarraco, премиерата во септември

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Се е спремно за премиера на продукцискиот модел на Seat Tarraco. Во пресрет на премиерата која е закажана за 18 септември, шпанскиот производител овој модел го покажа на неколку фанови на овој бренд ширум светот.

Така, вљубеници во Seat од Шпанија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, беа поканети во фабриката Марторел, близу Барселона каде одблиску се запознаа со третиот SUV модел во гамата на Seat.

- Advertisement -

“Елегантна силуета” изјави еден од фановите во однос на формата на Tarraco. Други пак беа воодушевени од големината за која како што велат новиот SUV изгледа многу поголемо од очекувањата. Сите тие сепак беа едногласни во однос на констатацијата дека новиот SUV би ги задоволувало сите нивни секојдневни потреби.

Инаку фановите активно учествуваа и во изборот на името на овој модел. Така во конкуренција на четири имиња, пред само неколку месеци за име на новиот SUV модел беше избрано токму ова име.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја