недела, 25 ноември, 2025 година

Престана производството на DS4 и DS5

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Францускиот производител DS Automobiles кој е дел од PSA Групацијата објави дека и официјално го прекинува производството на два од четирите модели. Како што беше познато уште од март годинава, DS сега и официјално го прекина производствоот на DS4 и DS5 во фабриките во Мулхаус и Сошо каде што и се произведуваат овие два модели.

Една од причините за прекинот на производството е многу слаба продажба. Така во минатата година DS4 беше продаден во само 11.746 примероци што е за 170.431 помалку отколку VW Golf кој е предводник во класата. Продажбата на DS5 беше уште поочајна. Така во изминатата година од овој модел беа продадени само 5.738 примероци.

- Advertisement -

Другата причина за прекинување на производството е последните измени во планот за развој на овој бренд според кој во наредниот период ќе понуди целосно електрифицирани автомобили и ќе биде единствениот EV бренд во рамките на PSA Групацијата.

“Oтсекогаш беше планирано дека производството на DS4 и DS5 ќе заврши во 2018 година. Ова е согласно новиот план” изјави портпаролот на францускиот производител кои додаде дека на саемот за автомобили во Париз во октомври годинава под знакот на овој бренд ќе бидат претставени неколку нови, целосно електрифицирани модели.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја