Не размислува само за возила: BMW so концепт за електричен скутер

ОБЈАВЕНО НА:

Вниманието во јавноста BMW го сврте со новата Series 8, но не се само автомобилите во фокусот на Германците. Одделот за мотоцикли ја претстави и нивната визија и концепт за идниот електричен скутер. Наречен Link, донесува серија на иновации што за возачот секако ќе бидат интересни.

Мотоциклот е изложен на Concorso d’Eleganza Villa d’Este. Баварците засега не соопштија детали околу силата, батериите, автономијата и најголемата брзина што овој мопед може да ја постигне.

Она што е интересно е дека седиштето се мести и по должина, односно наместо една личност може да се превезуваат две. Има и доволно простор под седиштата со што користат лизгачка врата.
Нема класична инструмент табла, туку податоците се покажуваат на ветробранското стакло.

Засега ова е само изложбен модел, но BMW сигурно ќе чека да ги види реакциите, а потоа ќе решава дали ќе оди и со сериско производство Интересно е да се види и колку од овие иновации ќе имаат примена во иднина во производните модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK