сабота, 25 ноември, 2025 година

Прв систем што ги снима возачите: Радари кои мерат просечна брзина сега и во Германија!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Радарите кои ја мерат просечната брзина не се ретка  појава во Европа. Речиси целата мрежа на италијанските патишта е нагледувана од тие уреди, кои го носат називот на праведен покровител и животен учител – Тутор.

Слични уреди се распоредени и по патиштата низ Австрија, а идејата е да се снимаат возила на одредени делници и да се пресмета нивната просечна брзина. На возачите главно не им се омилени какви било облизи на контрола, но овој систем на камери, сепак, е поправен од оној кој се темели на фотографии од едно минување. Во тој момент случајно може малку погрубо да се помилува папучата за гас, да се биде на удолница, да се заборави на ограничувањето и ете проблеми.

- Advertisement -

На страна со теоријата, во Германија во 2019 година беше инсталиран првиот систем на камери кои мерат просечна брзина и тоа на делница долга 2,1 километри меѓу Глединген и Лацен, во близина на Хановер. Веднаш следеа тужби со тезите дека така се собираат лични податоци и се нарушуваат основните човекови права. Тужбите по ред паѓаа на судовите, а сега слична одлука донесе и Уставниот суд. Тој ја одби жалбата на адвокатот од Хановер.

Со оваа одлука е отворена можноста за вградување на вакви системи низ цела Германија.

Ние секако ќе почекаме за вакво систем.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја