понеделник, 25 декември, 2025 година

Малку е страшно: Мост во Њујорк “свири“ и се ниша на ветар

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Секој во Бруклин или на Стејтен Ајленд можел да биде сведок на сцена која потсетува на хорор филмови. Поради силниот ветер, мостот Верацано бил затворен. Додека ветерот дувал со брзина од 96,5 км на час, мостот се движел нагоре – надоле и испуштал силни звуци во должина на сите 4.176 метри колку што е долг.

Управата за градски превоз (МТА) била принудена да го затвори горниот кат на мостот поголемиот дел од денот, бидејќи ветровите станале премногу силни и опасни, додека долното ниво било затворено само 45 минути.
Иако е малку застрашувачко да гледате како се свиткува и се движи толку голема структура, токму за тоа и се создадени, ги уверувал бројни новинари портпаролот на МТА.

- Advertisement -

– Висечките мостови, особено оние со најдолг распон во Северна Америка, се дизајнирани да бидат флексибилни и секое движење на мостот беше во согласност со неговите безбедносни стандарди – изјавил портпаролот и продолжи:

– Протоколите за метеоролошка безбедност на МТА беа активирани рано и работеа како што е дизајнирано без структурни оштетувања, без поголеми сообраќајни несреќи и без повреди предизвикани од силниот ветер во понеделникот.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја