Брутална казна: Жигосуваат за крадење бензин!

ОБЈАВЕНО НА:

Видеото на брутално жигосување на крадец на бензин доби огромна популарност во Мексико и покрај одвратните кадри. Спотот е дело на група одмаздници, кои се нарекуваат себеси Los Marca Bueyes (обележани волови).

Тие решиле да му остават болен спомен за цел живот на секој кој ќе се обиде да зема бензин од автомобилите на обичните луѓе.

Во објавениот видео клип се гледа како мажите притиснале на земја окован со лисици човек додека нивен истомисленик му го нанесува натписот “Por rata” со вжештено железо на грбот.

Ваквото однесување на осветниците и други слични групи се должи на драстичниот дефицит на горива поради организираните кражби од цевководите во Мексико.
Пробивањето во транспортната мрежа на земјата има добиено такви размери па претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор испрати армијата да ги чува цевките. Минатиот месец биле украдени “само” 27 цистерни наместо над 1.000 како и обично биле претходно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK