И Есен и Гелзенкирхен кажаа “НЕ” на загадувачките дизел автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Прогонот на загадувачките дизелаши во Германија и натаму продолжува. По Франкфурт, Бон, Дизелдорф, Хамбург, Штутгарт и други германски градови, германскиот суд донесе одлука да локалните власти на Есен и Гелзенкирхен донесат забрана за забрана на дизелот.

Во овие градови од западна Германија, ќе биде воведена парцијална забрана. Тоа значи дека автомобилите кои користат дизел мотори, а при тоа значително ја загадуваат околината нема да имаат пристап до одредени сообраќајници низ наведените градови.

Забраната во практична примена ќе започне од следната година, а по воведувањето на оваа забрана, еколошките друштва најавија голема победа за зачуваување на здравата и чиста околина.

Наспроти нив, веќе се покренати жалби за оваа одлука па така сега се очекува повторно судот да ги разгледа жалбите за забраните на дизел возилата во Есен и Гелзенкирхен како и Келн, Ахен, Берлин, Фракфурт, Штутгарт, Бон и Мајнц чиј жалби се процесирани во надлежните судови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK