И Audi R8 повеќе нема да биде тоа што беше. Под влијание на популаризацијата на електричните автомобили, третата генерација на Audi R8 доаѓа во електрична изведба со 1.000 КС.
Сметката за ова ќе ја плати добро познатиот 5.2 литарски V10 мотор кој ќе биде заменет со електричната технологија. Како што пренесува Autocar, инспирацијата за новиот R8 лежи во последно лансираниот PB18 e-tron концепт.
Овој концепт користи електричен погон со моќност од 764 КС, а во германскиот производител се убедени дека R8 моделот ќе може да достигне брзина од 300 км/ч и до 100 км/ч ќе може да забрза за околу две секунди.
Електричните мотори на возилото заедно ќе испорачуваат нешто над 1.000 КС рамномерно распределени на сите четири тркала. Со ова, третата генерација на R8 ќе биде рамо со рамо со Tesla Roadster и Rimac Two.
Овие информации немаа сеуште добиено официјална потврда од Audi, а непознат е уште и датумот на лансирање како и останатите пропратни информации. Се очекува оваа енигма да биде разрешена во наредните неколку месеци.