вторник, 25 декември, 2025 година

Десет града во Европа сакаат помош против монополот на Airbnb

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Десет градови од Европа официјално доставија барње за помош од Европската унија против монополот на пазарот за станови кој го има Airbnb. Ова барање е потпишано од Барселона, Берлин, Бордо, Брисел, Краков, Минхен, Париз, Валенсија и Виена. Во него се посочува дека платформите како Airbnb, иако тврдат дека сакаат да соработуваат со локалните власти „не го прават тоа или не го прават само на доброволна основа“.

Акцијата доаѓа по мислењето на Европската унија дека Airbnb се ослободува од францускиот закон за да им даде информации на локалните власти за податоци за изнајмување. Практично компанијата го напушта профилот на традиционалните компании во секторот.

- Advertisement -

Ова исто така го покренува и прашањето како ќе се идентификуваат евентуални правни прекршоци. Загриженоста е дека тоа тешко ќе се случи и дека ќе има преоптоварување на јавните финансии.

Сегашното законодавство „не прави практично беспомошни против глобално оперативни компании за краткорочно издавање под наем“, сметаат локалните власти. Во писмото тие тврдат и дека градовите најдобро ги разбираат потребите на своите жители.

Со тврдењето дека ја разбираат важноста на туризмот како извор на приходи и вработување за локалното население тие не веруваат дека компаниите на овој пат треба да бидат ослободени од регулативата.

Според градските совети, за да им служат подобро на своите жители тие треба да имаат можност да ги регулираат наемите во своите квартали. Во овој поглед, системот за краткорочен наем, кој го има Airbnb, многу ги влошува социјалните проблеми во градовите.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја