Зимски гуми треба, ама сите исти, а не распар!

ОБЈАВЕНО НА:

Но, најголемата грешка што може возачот да ја направи е да купи само еден пар нови зимски гуми, а вториот пар да се гумите кои не се многу оштетени или да се купат две половни гуми. Може да се рече дека ова е смртоносна комбинација која е поубиствена и од користењето на четири летни гуми во текот на зимата.

Од 15 ноември стартува задолжителната обврска да имате зимска опрема, односно зимски гуми на возилото. Многумина се решаваат да заштедат, па купуваат половни гуми, или пак користат различни гуми, со што претходно различно биле употребувани. Тоа е исто како да носите зимски чевли, ама различни, едниот чевел купен годинава, а другиот од пред три години и веќе добро користен.

Штедењето на зимските гуми понекогаш може да биде и опасно по животот. Поради високите трошоци за одржување на возилото, а при тоа да се задоволат законските прописи, возачите честопати бараат како да заштедат, но искуството покажува дека понекогаш бираат и многу погрешен начин. Наједноставен, а безбеден начин за заштеда е да се инвестира во комбинирани четири зимско-летни гуми.

Но, најголемата грешка што може возачот да ја направи е да купи само еден пар нови зимски гуми, а вториот пар да се гумите кои не се многу оштетени или да се купат две половни гуми. Може да се рече дека ова е смртоносна комбинација која е поубиствена и од користењето на четири летни гуми во текот на зимата.

Ова се објаснува со примената на неколку основни закони од физиката. Односно, новата зимска гума има подобро триење и прилепување на патот отколку летната или од онаа што е полупотрошена, половната. Што значи дека во случај на кочење на различни осовини делуваат и различни сили.

Ако новите зимски гуми се постават на предните тркала, кои се и погонски тркала, а на задните ги оставиме летните или половните гуми, возачот може да се најде во голема опасност зашто во случај на неочекувана промена на правецот на движење возможни се и изненадувања. Односно, новите гуми се прилепени за подлогата, но задните лизгаат зашто прилепувањето е значајно помало. Ова води до лизгање на возилото и губење на контролата врз него.

Затоа, немојте да штедите. За вашиот живот се работи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK