вторник, 25 ноември, 2025 година

Европа не го менува своето мислење за емисиите на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Европската комисија не размислува да ги промени своите позиции за прашањето за намалување на емисиите на штетни гасови за автомобилите. Ова уште еднаш го потврди и европскиот комесар за клима Вопке Хоекстра, кој на прашање на Reuters одговори со суво „Не. Одговорот е не“.

Затоа, залудни беа барањата не само од индустријата, туку и од ЕPP, главната политичка групација во Европскиот парламент. Оваа група штотуку започна кампања пред неколку дена за да побара преиспитување на забраната за термо мотори закажана за 2035 година, со отворање на технолошка неутралност.

- Advertisement -

Продолжуваме право понатаму
Затоа, Хоекстра уште еднаш ги штити целите на Европската Унија, враќајќи му го на испраќачот секое барање за ревизија. Дури и оние на ACEA (здружението на европски производители на автомобили) се однесуваат не само за 2035 година, туку и за 2025 година, кога ќе стапат на сила новите стандарди за емисиите во опсегот. Моментално законодавството предвидува просечни 114 g/km, од 1-ви јануари следнaтa година наместо тоа ќе се намали на 95 g/km. Според здружението ова ќе доведе до казни до 15 милијарди евра за европските производители.

Еврокомесарот ја минимизираше ваквата загриженост, нагласувајќи дека казните предвидени за претходното намалување на емисиите – кое стапи на сила во 2020 година – се многу пониски од очекуваното.

Едно решение би можело да биде да се замрзнат казните за 2025 година – како што произлегоа од некои гласини во последните денови – или да се пресметаат емисиите на тригодишна основа, за да им се овозможи на производителите да се ситуираат (справат со ситуацијата) во периодот од две години 2026-2027 година, во случај дека не успеваат да ги постигнат целите во претстојната 2025 година.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја