Јапонската марка Toyota продолжува да зазема водечка позиција меѓу производителите на автомобили. Неодамна стигна информација дека е на врвот на светската ранг листа по продуктивност, а сега се објави и кои се најпопуларните модели на автомобили во светот. И Toyota се врати на врвот.
Според focus2move, Toyota Corolla е лидер на глобалниот пазар на нови автомобили. Од почетокот на годинава регистрирани се 901.991 автомобил. Овој показател е за 1,9% помалку од лани.
Моделот Tesla Model Y е на второто место во рангирањето со резултат од 865.868 продадени автомобили (-6,5%). Toyota RAV4 е трета во рангирањето на популарноста. 836.258 примероци од моделот најдоа свои сопственици во текот на годината, што е за 13,7% повеќе од лани.
Ова се ТОП-10 најпопуларни автомобили во светот:
Toyota Corolla – 901.991 регистрации (-1,9%);
Tesla Model Y – 865.868 (-6,5%);
Toyota RAV4 – 836.258 (+13,7%);
Ford F-Series – 733.754 (-1,3%);
Honda CR-V – 601.374 (+5,9%);
Chevrolet Silverdo – 525.193 (-0,5%);
Hyundai Tucson – 497.606 (-2,4%);
Toyota Camry – 474.973 (-8,9%);
KIA Sportage – 448.693 (+4,9%);
BYD SONG – 442.275 (+42,2%).