Италијанците го избраа автомобилот на годината – а не е домашно возило

ОБЈАВЕНО НА:

Унијата на италијански авто новинари (Unione Italiana Giornalisti Dell’Automotive – UIGA) го избраа автомобилот на годината за 2019 година.

Со 251 гласови приматот автомобил на годината му припадна на DS7 Crossback. Овој француски кросовер на првата позиција убедливо пред второпласираниот Ford Focus кој освои 189 гласови додека на третата позиција со 126 гласови се најде Jeep Renegade.

Иако овој модел не е многу популарен во Италија, а тоа го покажува и продажбата, сепак новинарите му го доделија приматот пред се поради вградената напредна технологија. Меѓу бројните технолошки решенија и системи, овој модел може да се пофали со тоа што “скенира” 25 метри пред автомобилот, а во ноќни услови без проблем детектира прешаци и животни.

Покрај оваа награда, новинарите традиционално ја доделија и наградата за најдобар спортски автомобил. Оваа година таа му припадна на Ferrari Portofino кој со 371 глас успеа да ги победи Alpine A110 и McLaren 570S.

Други номинирани автомобили за оваа награда беа: Volvo XC40, Jaguar E-Pace, Nissan Leaf, BMW X2, Lamborghini Urus, Volkswagen T-Roc како и Opel Grandland X.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK