Twingo Cup 2022: Тренески тргнува од 6 ред на трката во Унгарија

ОБЈАВЕНО НА:

Владимир Тренески постигна најдобро време од македонските возачи на првата трка од Twingo Cup што викендов се вози на Хунгароринг во Унгарија, и на утрешната прва трка ќе тргне од 6 ред (12 место) во конкуренција на 33 возачи. Веднаш зад него ќе биде Марко Блажевски кој имаше за 0,073 секудни послабо време. Тој ќе тргне од 7 ред на стартот. Актуелниот македонски првак Давид Малинковски ќе тргне од 17 место.

За утре се планирани две трки, една узутрина од 9,20 часот, а втората од 15,20 часот. Со трката во Унгарија почнува новата сезона во Twingo Cup, и планирани се 12 трки на шест различни патеки.

Влажната патека на Хунгароринг им донесе проблеми на сите возачи кои се бореа за пол позиција. Поради дождот кој цело утро врнеше во Будимпешта и на Хунгароринг, имаше пролонгирање на планираната саатница. Twingo Cup почна со задоцнување од половина час, и возачите се соочија со нов предизвик дождот кој го немаше на тренинзите во петокот. Сезонава има и двајца дебитанти меѓу Македонците, Мирис Хамзиќ и Бприс Стојменов.По седум извозени кругови Стојменов го освои 28 место, а Хамзиќ имаше 31 време.

Владимир Тренески, Марко Блажевски и Давид Малинковски беше тројката на Македонци што беа во првата половина според резултатите. Во првиот круг Малинковски имаше 8-мо најдобро време, Блажевски беше на 12 место а Тренески беше 13-ти. Сите возачи успеаја да извозат по 7 или 8 кругови, а како одминуваше времето така и постигнатите времиња се подобруваа на нашите возачи бидејќи дождот престана и патеката почна да се суши.

„Предизвик е да се вози на ваква патека и по вакво време. Како одминуваа квалификациите така и моите времиња беа подобри. Последниот круг требаше и се надевав да бид емој најдобра круг и најдобро време. За жал токму пред мене на еден свиок едно возило се изврте, па морав да намалам на гаста, и тоа се одрази на резултатот. Но, заедно со Марко Блажевски, со тимска работа можеме многу повеќе на утрешните трки. Верувам дека ќе бидеме уште подобро пласирани, најмалку во Топ-10, а можеби и подобри, вели Владимир Тренески

Победникот на последните две трки од лани, Марко Блажевски по шест извознеи кругови имаше седмо најдобро време на патеката, но на крајот заврши како 13-ти. И покрај „баксузниот“ стартен број, Блажевски верува дека на утрешната трка ќе биде уште подобар.

„Секако дека не сме задоволни од квалификациите со овие места. Можевме многу подобро. Но, утре сигурно ќе бидеме во Топ-5 на трката. Очиглено имаме некои мали разлики и проблеми со нашите возила во однос на конкуренцијата, но, тоа утре ќе се смени. Ќе имаме подобри резултати, најави Марко Блажевски.

Од другите македонски возачи што настапија денеска, Зоран Мираковски ќе тргне од 21 место, Борис Стојменовс (28), Слободан Трајковски (29), Мурис Хамзиќ (31), Ненанд Костовски (32), Ангелче Стојковски (33).
Најдобри време во квалификациите постигнаа тројца Словенци, Матеј Ивануша, Ник Стефанчич и Лука Глазер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK