КОРИСЕН СОВЕТ: Како најлесно да ги отстраните дамките од пијалоци, чоколадо, чкртаници на седиштето?

ОБЈАВЕНО НА:

Додека возите сакате да грицнете малку од сендвичот на вашиот совозач,или да изедете едно парче чоколадо. И, случајно ви паѓаат делови на седиштата, на кои вие седите. И додека вие возите, децата позади си чкрткаат со пенкалата по седиштата или го исипалте сокот што го пијат.

Вие веќе се нервирате како тоа да го исчистите. Дали самите, или пак да им го даете на професионалци, кои секако ќе ви наплата не мала сума на пари. Ако решите самите да ги отстранувате тие флеки, ова може да ви биде од голема корист.

Овие совети не се само за возачите на автомобили, туку можат да се применат и во домаќинството.

Колку пати случајно сте истуриле кафе на седиштето, сте возеле пијан пријател на кој му се слошило во автомобилот и повратил, а колку пати сте мрмореле додека ги отстранувавте влакната на вашите миленици кои претходно сте ги превезувале?

Сите ќе се согласиме дека овие ситуации се вообичаени и дека се ужасно досадни и често вадат пари од вашиот џеб.

*Главното правило при чистење на внатрешноста: немојте ништо да се навлажнува. Во спротивно, ќе се појават нови дамки на светлите седишта и на сите текстилни површини и оние за кои е потребно професионално чистење.

* Второто правило е никогаш да не го миете горниот дел од внатрешноста. Вадењето дамки од внатрешноста на покривот на модерните автомобили е работа за професионалците бидејќи и само една капка вишок вода може да предизвика проблем со дамки, лупење и на крајот создавање мувла, што исклучително лошо влијае на луѓето.

Истото е случај и со старите дамки на возилото – единствено решение е автомобилот да се однесе на професионално темелно чистење.

Ова се најчестите дамки на автомобилските седишта и како сами да ги отстраниме:

1) ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ, ЛИМОНАДА: Дамките натопете ги со топла вода (користете ракавици), а потоа користете хемиско средство за чистење на внатрешноста, но она за хемиско чистење.

2) ЧОКОЛАДО, ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ: Потребно е малку да се замрзне, по можност со коцка мраз или спреј, а потоа да се соберат остатоците што се стврднале.

3) ПОВРАЌАНИЦА оова е многу вообичаено кај семејствата кои патуваат со помали деца. Повраќањицат прво треба да се отстрани со крпа од микрофибер, бидејќи не ги впива и нема да ги втрие остатоците во текстилот, туку само ќе ги собере од површината, што е многу важно овде. После тоа, обичниот алкохол се покажа како најдобро решение за дезинфекција и отстранување на мирис. На крајот, сè добро исчистете со правосмукалка.

4) ПЕНКАЛО: Измешајте 10 мл алкохол со иста количина оцет и натопете го работ од пешкирот во него и исчистете ја дамката.

5) ВЛАКНО НА ЖИВОТНИ: Влакната од седиштето најлесно се отстранува со четки, а може да се користат различни видови четки во зависност од типот на влакната и материјалот од кој е направено седиштето.

Секако најдобро е да се внимава, а ако имате посериозни дамки најдобро е да консултирате професионалци.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK