Само небото е граница: Најбрзиот сериски кабриoлет на Audi има 610 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Audi R8 V10 Spyder Plus е најмоќниот кабриолет што досега бил направен во Инглоштад. Доаѓа една година откако беше претставен „нормалниот“ R8 V10 Spyder. Исто како и купе варијантата, и овој „Plus“ има атмосферски 5.2 литарски V10, со 610 КС и 560 Нм вртежен момент. Тоа е за 70 КС повеќе од обичната верзија.

Но, таа разлика од 70 КС се гледа во однос на перформансите. Plus варијантата забрзува до 100 км/ч. за 3,3 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо во однос на регуларниот Spyder. И максималната брзина е зголемена, за 10 км/ч,. и сега изнесува 328 км/ч.

Инженерите успеале да ја намалат и вкупната тежина на моделот за 25 кг. во однос на обичниот R8 V10 Spyder, и новиот модел е тежок 1.587 кг.
Цената на овој модел во Германија е 207.500 евра, а испораките се очекуваат на крајот од овој месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK