Renault ги носи новите Clio, Twingo и Daciа во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Посетителите на годинешниот саем на автомобили во Женева ќе имаат можност на штандот на Renault да го видат новиот Clio, освежениот  Twingo и “Ultimate” специјалното издание на Dacia моделот.

Новата, 5-та генерација на моделот Renаult Clio дебитираше пред неколку недели. Се базира на CMF-B платформата, а дизајнот е инспириран на новиот модел на Megane. Димензиите се нешто помали отколку кај моделот кој „заминува во пензија“. Сепак, претставниците од компанијата тврдат дека новиот модел има поголема комоција.

Најновата верзија на најпродаваниот модел на компанијата Renault има и значително унапреден ентериер.Освен новите технологии, тука е и дигиталната инструмент табла и вертикално поставениот екран на инфотејнмент системот. Тој има дијагонала од 9,3 инчи.

Renault Clio V ентериер

Покрај новата генерација на моделот Clio, Renault јавно ќе ја претстави и освежената “facelift” верзија на моделот Twingo. Освежениот Twingo има нов дизајн на предниот дел, повеќе опции на персонализација и еднолитарски агрегат, кој се продава во атмосферска верзија и верзија со турбо полнач.

Renault Twingo

Унапреден е и ентериерот на моделот Twingo. Сега тука е новата централна конзола, две нови опции на инфотејнмент и вистинска „касета“ со поклопец.

Од друга страна, Dacia, која е во сопствеништво на компанијта Renault, во Женева ќе го претстави новото специјално издание на своите модели. Тоа е наречено “Ultimate”, а е достапно на моделите Duster, Logan и Stepway. Новото издание значи и две нови бои на каросеријата, а тоа се „Fusion” црвена и „Highland” сива.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK