Откако пред само неколку дена беше објавена една тизер фотографија од најновиот концепт, а во пресрет на официјалната премиера која на 4 септември ќе се одржи во Стокхолм, Mercedes објави дополнителни фотографии од концептот EC Q.
Како што може да се забележи до тизер фотографиите, на предниот и задниот дел се наоѓаат тесни издолжени светла кој му даваат современ изглед на овој концепт чиј датум на премиера на продукциската изведба останува непознат.
Како што и од претходно беше објавено, се претпоставува дека овој модел ќе располага со 70 кWh батерија со чија помош може да се помине речиси 500 км. Забрзувањето до 100ка се очекува да изнесува нешто помалку од 5 секунди.
EQC моделот е развиен на посебна платформа развиена од страна на германскиот производител, а исклучиво наменета за идните електрични возила.
На оваа платформа ќе се темелат уште неколку електрични автомобили кои Mercedes во наредните неколку години треба да ги претстави, а ќе бидат одговор на електричните модели презентирани од BMW, Audi и Volkswagen.