Сега и официјално е потврдено – новата, осма, генерација на популарниот модел Corvette пристигнува годинава. Изминатиот период овој модел беше снимен како се тестира на различни локации меѓу кои и патеката во германски Нирбургринг.
Тоа придонесе да се појават шпекулации дека премиерата ќе се случи на претстојниот саем во Детроит кој на програмата сега во јануари, но сепак Chevrolet се одлучи светската премиера да ја направи во текот на летото на специјален настан.
Ова значи дека GM новата генерација на Corvette нема да ја прикаже ниту на саемот во Њујорк кој ќе се одржи во арпил годинава.
Во продажба овој Chevrolet Corvette ќе се појави кон крајот на следната година, а според актуелните шпекулации цената на основниот модел ќе изнесува не повеќе од 70 илјади американски долари.