Наскоро: Црни кутии ќе има и во автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Многу скоро црните кутии ќе бидат дел од секој автомобил што ќе се продава во Европската Унија. Ова произлегува од револуционерите промени што ги подготвува Европската Унија, а се насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Нацрт верзијата на која во моментов се работи во Европската Унија предвидува да сите автомобили во својата сериска односно основна опрема поседуваат ISA (Intelligent Speed Assistance), систем за автоматско ограничување на брзината, систем за предупредување при преминување во спротивната лента, уред кој ги снима случувањата внатре во автомобилот, систем за детекција на пешаците и велосипедистите како и систем за автоматско кочење (АЕB).

Со ова, доколку предлог уредбата се усвои автомобилите ќе мора да имаат вграден GPS уред и камери за препознаваање на сообраќајни знакови како би откриле колкаво е ограничување на делови од патот.

Со сето ова, автомобилите во иднина би поседувале еден вид на црна кутија каде ќе се снима секое движење на автомобилот, случувањата во внатрешноста на автомобилот и други податоци за самиот автомобил и неговото движење, а податоците од оваа кутија би се користеле во случаи на сообраќајни несреќи како надлежните органи полесно би можеле да ги утврдат причините за несреќата.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK