Наместо полицијата може да ве казни комшијата

ОБЈАВЕНО НА:

Во уште минатата година беше воведен пилот проект за приватни пресретнувачи. Тоа значи дека секој возач, државјанин на Франција кој поседува возило може да ги лови прекршителите на сообраќајните правила.

Од оваа година започна и редовната работа на овие приватни пресретнувачи чиј број континуирано е во пораст. Од само 40 пресретнувачи т.е. автомобили опремени со радар на почеток на годината, сега бројката изнесува 223.

За нивните заложби тие добиваат одреден паричен надоместок па оттука и мотивираноста за нивно вклучување во мрежата која се очекува на почетокот на следната година да брои над 1000 возила.

Тоа значи дека теоретски и комшијата може да ве казни доколку прекршувате некое сообраќајно правило.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK