Оваа година граѓаните во Обединетото Кралство (ОК) најверојатно ќе можат да ги чуваат своите возачки дозволи на своите мобилни телефони и тие ќе бидат официјално прифатени како правен документ во оваа дигитална форма. Се очекува Владата да го објави проектот за дигитализација во овој сегмент во наредните денови, но британските медиуми веќе дознаа детали за неговото лансирање и користење.
Тие наведуваат дека проектот ќе се реализира во текот на годината, кој многу брзо треба да им даде на околу педесет милиони луѓе можност, но не и обврска да ги дигитализираат своите лични документи.
Возачката дозвола ќе биде зачувана во официјалната национална владина апликација Gov.uk, која исто така ќе биде пуштена во употреба наскоро.
И возачка и Лична карта
Освен што ќе биде доказ за положен возачки испит, дигиталната возачка дозвола ќе служи и како замена за лична карта. Според тоа, Британците ќе можат да се качат на домашни летови само со нивниот мобилен телефон и возачка дозвола складирани на него, да докажат дека се полнолетни кога купуваат алкохол или на избирачко место кога сакаат да гласаат на изборите…
Користењето на дигиталните возачки дозволи ќе биде доброволно, а ќе продолжи да се издаваат физички возачки дозволи. Системот исто така ќе биде отворен за надворешни даватели на услуги, така што, на пример, трговците на мало ќе можат да го интегрираат препознавањето на документи во нивните системи за наплати за самопослужување и на тој начин да ја поедностават проверката на возраста на клиентите, онаму каде што тоа го бара законот (продавање на алкохол…)
Интересно е тоа што во ОК од никој не се бара да поседува лична карта, па возачката дозвола за многумина стана главен документ. Дури и Британците не мора да го имаат со себе додека возат, но мора да го покажат ако тоа го побара полицијата – но и тогаш имаат рок од седум дена. Според новите правила, тие ќе можат целосно да се потпрат на документот во својот мобилен телефон, кој повеќето луѓе и онака секогаш го носат со себе.
Тука че наведеме дека Европаката Унија (ЕУ), исто така, наскоро ќе започне со дигитализирање на возачките дозволи како дел од воведувањето на Европскиот дигитален идентитет.
Плановите се тоа да се направи во наредните години, постепено и полека, како што обично се случува со европската администрација.
Денот кога возачките дозволи во мобилни од ОК ќе бидат признаени во ЕУ и обратно, сè уште не е на повидок…
Ние на тој пат сме многу далеку, далеку и од почетокот, бидејќи се уште не сме ја „гребнале “ ниту површината од процесот на дигитализација и ситата да почне да функционира се чини дека е научна фантастика за нашите граѓани.