Се засилува семејството RS на Audi – За Женева се подготвува тркачи Q8 RS

ОБЈАВЕНО НА:

Audi планира на саемот во Женева да претстави силни кросовери, а на менито нема да биде само моделот RS Q5. Според најавите можно е на штандот на Германците да има уште еден моќен модел – RS Q8 Concept.

Најавено е дека во Женева ќе го видиме Q5 RS, a во моментов во семејството на кросовери од Инглоштат постои само RS Q3 што добил целосен третман од Audi Sport.

Најавениот RS Q8 би се базирал на неодамна промовираниот Q8 хибрид што беше прикажан во Детроит на почетокот на годинава. Според пишувањата на медиумите RS Q8 ќе има перформанси слични како што е планирана и сериската верзија што треба да следува.

Погонот што би бил вграден во ова кросовер купе се најавува во 4.0 литарскиот твин турбо V8 што моментно се наоѓа во S8 Plus седан и во Bentley Continental.
Во S8 Plus овој мотор веќе има 605 КС, погон на сите тркала и осум степенан автоматска трансмисија. Дури и да остане со истите перформанси, RS Q8 ќе биде доволно моќен да им се спротистави на Mercedes AMG GLE63 и BMW X6 M.

Овие кросовери од 0 до 100 км/ч забрзуваат за 4,3 односно 4,2 секунди. И RS Q8 би требало да забрзува под 5 секунди, а максималната брзина би била поголема од онаа на ривалите.

Дали ќе има некои визуелни измени во однос на хибридната верзија најавена во Детроит останува да почекаме до март кога се одржува саемот во Женева.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK