Најголема колекција на мали автомобилчиња – вреди 200.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Кога сте биле помали сигурно многу сте сакале да си играте со малите автомобили, а некои од вас па и ги собирале и се уште ги чуваат и се сеќаваат на старите добри времиња. Но, Даниел (41) од Монтреал, Канада, има и повеќе од колекција. се проценува дека во колекцијата има меѓу над 16.000 мали автомобили, а нивната вредност се проценува на околу 200.000 долари.

Даниел го добил својот прв автомобил Hot Wheels, Hot Bird Ultra Hots, на 8-годишна возраст. Имал уште неколку играчки коли со кои си играл, но оваа далеку го фасцинирала. Денес тој е горд сопственик на обемна колекција.

Но, страста за моделите повторно екслодирала кога неговиот син почнал да си игра со коли-играчки. Даниел се сеќава на моментот кога тоа се случи. „Во 2014 година, на мојот син му купив Matchbox Infiniti G37, а година подоцна веќе одев на разни гаражни продажби и купував цели купишта автомобили Hot Wheels. Секој пат кога одев во лов на купување се враќав со 50 до 150. Кога стигнав до 500, сакав повеќе, изјавил Даниел.

Во еден момент се заборавил со броењето на автомобилите, но проценува дека од 2015 година купил околу 12.000 автомобили Hot Wheels, а во својата колекција има уште 4.000 до 5.000 автомобили од други производители. Тој ја проценува вредноста на неговата колекција помеѓу 100.000 и 200.000 долари.

Во својата колекција, покрај вообичаените сериски автомобили, има и многу ретки кои се продаваат за четирицифрени суми на eBay. За своето хоби месечно троши од 1.500 до 2.000 долари. Најмногу купува автомобили од други колекционери, втор избор му се онлајн продавниците и на крај доаѓаат посети на физички продавници.

Најмногу го интересираат постарите модели на Camaro и моделите направени по 2010 година, Subaru и Lexus и се што е поврзано со сурферската култура, љубител е и на Star Wars автомобили и вселенски бродови.

Тој секогаш има меѓу 4.000 и 5.000 автомобили во својата колекција, кои е подготвен да ги продаде и на тој начин да им помогне на другите колекционери. Тој присуствува на месечни состаноци во неговиот регион, бил и на настанот Hot Wheels Legends Tour, но сè уште не можел да ја посети конвенцијата.

Во блиска иднина тој ќе постави вистински изложбен салон во својата гаража, бидејќи за неговото хоби се интересираат и неговите деца.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK