Кинезите имаат модел со кој ќе му конкурираат на Tesla Model 3 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Годинешниот саем во Пекинг помина во знакот на електричните автомобили, а при тоа голема доминација имаа кинеските автомобили кои во наредниот период не само што ќе се обидат да го освојат домашниот пазар туку и да добијат што е можно повеќе од пазарниот удел во Европа и САД.
Секако, како за пример кинеските производители го земаат Tesla кој бележи одлични продажни перформанси во Кина, но и САД. Оттука последниот конкурент на Tesla доаѓа од производителот Zhinche Auto кој со најновиот модел Singulato iS6 ќе се обиде да му конкурира на моделот 3.

Овој концепт според спецификацијата објавена од страна на производителот располага со два електромотори кои заедно овозможуваат 350 КС со 580 Nm обртаи и домет од речиси 400 километри. Сепак кинезите не би биле тоа што се доколку за инспирација во поглед на екстериерот не се повикаат на некои европски автомобили.

Така предниот дел од овој автомобил потсетува на Range Rover, а т.н. suicide систем на отворање на вратите доаѓа од Rolls-Royce. Новитет во екстериерот е задниот надворешен дисплеј на кои возачите може да објавуваат најразлични пораки или комбинација од графички елементи.

Во внатрешноста доминира голем 15.6 инчен дисплеј со команди на допир, а преку кој е овозможено целосна контрола на возилото. Тука е и помалиот вертикален екран кој се наоѓа пред управувачот како и head-up дисплеј.

Иако нема се уште точни информации, Zhinche Auto се очекув да го започне сериското производство на овој автомобил кон втората половина на годината, а во поглед на цената се шпекулира дека истата би се движела во рамките од 30 до 40 илјади американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK