Каде во ЕУ се крадат најмногу возила – ќе бидете изненадени од резултатите

ОБЈАВЕНО НА:

Во 27-те земји од ЕУ има најразлични статистички податоци кои се собираат, и потоа се анализираат. Еден од тие статистички показатели е и колку возила се крадат во секоја од земјите од ЕУ, и тоа споредено на 100.000 жители.

Многумина ќе се изненадат кога ќе видат која земја се најде на врвот на листата. Вие сигурно мислите дека се новите членки на ЕУ, како Бугарија и Романија, или пак можеби Австрија… Сепак резултатите покажуваат нешто друго.

Од соседните земји највисоко котира Грција која е на високото 4 место, со 144 возила на 100.000 жители. Бугарија се наоѓа на дното, на 21 место што за некого е зачудувачки и има пријавено само по 17 украдени возила на 100.000 жители, а Романија е под неа со 8 возила.

Спротивно на многу очекувања, Шведска е на врвот на листата на земји од ЕУ по бројот на кражби на автомобили (207 на 100.000 жители) според податоците од 2020 година.

Следуваат Италија (169) и Холандија (155), па потоа е Грција (144). На последните места се Естонија со 8 и Данска, каде се само 5 украдени автомобили. пријавени на 100.000 жители. Недостасуваат само податоци за Франција, Унгарија и за Кипар.

Еве ја целата листа:
1. Шведска 207
2. Италија 169
3. Холандија 155
4. Грција 144
5. Финска 117

6. Португалија 84
7. Белгија 79
8. Чешка 57
9. Ирска 52
9. Германија 52
11. Малта 45

12. Шпанија 42
13. Луксембург 41
14. Латвија 39
15. Австрија 35
16. Полска 29
16. Словенија 29

18. Литванија 20
19. Словачка 18
20. Хрватска 17
21. Бугарија 17
21. Романија 8
23. Естонија 8
24. Данска 5

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK