среда, 25 ноември, 2025 година

Половно возило од соништата или кошмар на тркала?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во Македонија, но и пошироко низ регионот, секоја година пристигнуваат десетици илјади половни автомобили. Најголемиот број од нив доаѓаат од Германија, Италија и Франција. Овие возила често се рекламираат со одлични фотографии, привлечна цена, ниска километража и перфектна состојба – вистинска „зделка“. Но, многу често зад тие сјајни огласи се кријат сериозни измами кои не се забележуваат на прв поглед.

Трговијата со половни автомобили, особено оние што се увезуваат, буквално експлодираше последниве години. Но, според експертите, купувачите премногу му веруваат на бројот на километри прикажани на бројачот, а премалку внимание обрнуваат на вистинската состојба на возилото.

- Advertisement -

Погледнете го воланот – дали е излитен? Какви се педалите, менувачот, седиштата? Ако автомобилот наводно има 120.000 километри, а изгледа како да има 300.000 – нешто не е во ред“.

Враќање километри – сè уште честа појава
Според податоците на платформата Carvertical, која се занимава со проверка на историја на возила, дека меѓу 2 и 5 отсто од увезените автомобили во Србија имаат манипулирана километража, додека повеќе од 50% учествувале во некаква сообраќајна незгода.

Најголемата грешка е што луѓето прво се вљубуваат во автомобилот, а дури потоа ја проверуваат неговата историја. Треба да биде обратно.

Случаите од праксата се неверојатни – кај едно возило во една година биле евидентирани 346.000 километри, а веќе следната година бројачот покажувал само 180.000. Како да се движело наназад!

На што да внимавате при купување половен автомобил?
Искусните механичари знаат каде најпрво да бараат проблеми.
Носачите на фаровите често се првиот знак дека возилото било удрено. Ако се оштетени или заменети, многу веројатно е дека автомобилот бил во судир. А замената на тие делови не е ни малку евтина.“

Купувањето полован автомобил не мора да биде лотарија – но само ако не гледате само хартија и бројки. Темелна визуелна проверка, користење платформи за проверка на историја и консултација со добар механичар – може да ви заштедат многу време, пари и нерви.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја