Jeep го претстави разубавениот Compass – има целосно нов ентериер

ОБЈАВЕНО НА:

Во ноември минатата година Jeep го претстави фејслифтот на моделот Compass наменет за кинескиот пазар, верзија која се карактеризира со зголемени димензии и меѓуоскино растојание. По неколку месеци претставен е и фејслифтот на втората генерација наменета за европскиот и американскиот пазар.

Во однос на екстериерот доаѓа со нова решетка, нов браник и LED светла чија форма е за малку променета. Минимални промени има на задниот дел. Најголемата измена доаѓа во внатрешноста која е целосно нова и далеку попривлечна отколку кај актуелниот модел. Доминира 10,25 инчниот инфотејнмент систем како и дигиталната инструментална табла од 10,1 инчи.

Димензиите остануваат исти. Должината изнесува 4.420 мм, ширината 1.820 мм, висината 1.650 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.640 мм. Промени нема и во поглед на мотористиката. Понудат азапочнува со 1,3 литарскиот T4 I4 турбобензински мотор. ука е и 1.4 литарскиот Fire MultiAir, а во понудата има место и за 1,6 литарскиот дизелски мотор.

Засега е потврдена цената на американскиот пазар. Основната верзија ќе може да се купи по цена од 25.990 американски долари. Во продажба доаѓа кон крајот на оваа пролет во САД, а во Европа ќе биде достапен кон крајот на летото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK